Русија може да ја искористи Белорусија за да ја ескалира воената агресија врз Украина

Руско-белоруските воени вежби, кои се одржуваат на белоруските полигони, беа продолжени до денеска, 15 октомври

-

Русија може повторно да се обиде да ја искористи Белорусија во секој момент за да ја ескалира својата агресија против Украина. Ова го изјави портпаролот на Украинската државна гранична служба Андриј Демченко на националната телевизија, јави Укринформ.

Тој истакна дека сега е неопходно да се има силна одбрана за да се одвратат какви било активности, доколку евентуално ги има. Според него, неопходно е да се разбере дека Русија може повторно да ја искористи Белорусија во секој момент за да ја зголеми својата агресија против Украина, особено и поради фактот што руско-белоруските воени вежби, кои се одржуваат на белоруските полигони, беа продолжени до денеска, 15 октомври.

Укринформ, известувајќи од терен, пренесе дека во Керсон, руски воен авион фрлил бомби врз критична инфраструктурна постројка.

„Пред околу еден час, во рок од 30 минути, руски Су-34 фрли две КАБ бомби во реонот на критична инфраструктурна постројка во Керсон“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Некои области останале без струја, а водоснабдувањето било прекинато.

Во изминатите 24 часа Русија истрелала 622 проектили врз областа Керсон, при што загинале две лица, а двајца се ранети, потврди Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација Керсон во објава на Телеграм.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...