fbpx

„Балкански форум за безбедност“ во Охрид организира дебата за бегалската криза

-

„Балкански форум за безбедност“ денеска во Охрид организира дебата за бегалската криза, насловена „Европската бегалска криза- причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“.

Во фокусот на вниманието ќе се најде и Македонија како главна рута на бегалскиот бран.

Теми за дискусија ќе бидат геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза, меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за наоѓање ефикасни средства и методи за решавање на бегалската криза и бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства.

На панел-дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и на македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...