fbpx

Австрискиот канцелар Фaјман го критикуваше Орбан за ставот околу бегалците

-

Австрискиот канцелар Вернер Фајман го критикуваше својот унгарски колега Виктор Орбан, поради неговиот став за бегалската криза.

– Тој сигурно не е меѓу оние во Европа што се трудат да пронајдат заедничко решение, туку се однесува како силен човек. Но, од силен човек сега треба да очекуваме европско решение – изјави Фејман во интервју за австриски весник.

Канцеларот најави дека заедно со вицеканцеларот Рајхолд Митерленер, ќе се обидат да разговараат со Орбан.

Тој истакна дека Австрија врши притисок врз Словачка и врз Чешка, бидејќи тие две земји се покажале како неразумни соседи за време на бегалската криза и одбиваат фер распределба на бегалците во ЕУ.

Фајман истакна дека Европа не смее да доживее неуспех кога станува збор за актуелната бегалска криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...