fbpx

Австралија ќе прими дополнителни 12.000 бегалци од Ирак и од Сирија

-

Австралија ќе прими 12.000 бегалци од Сирија покрај досегашната хуманитарна квота и ќе ги засили воздушните напади на Исламска држава во Ирак и во Сирија, соопшти денеска премиерот Тони Абот.

Австралискиот премиер претходно најави дека Австралија ќе прими дополнителна група бегалци од Сирија покрај редовната квота од 13.750 лица. Тој додаде дека приоритет во спроведувањето на овие еднократни мерки имаат припадниците на прогонетите малцинства.

– Австралија останува приврзана на меѓународните напори да се спротистави на Исламска држава, која ѝ се заканува на стабилноста на Ирак и на Блискиот Исток, како и на безбедноста на Австралијците во земјите во нашиот регион – рече Абот.

Австралиското воено воздухопловство веќе учествува во кампања против Исламска држава, предводена од САД во Ирак, но неговото учество во операциите во Сирија било ограничено на долевање гориво и на собирање информации.

Абот рече дека проширувањето на воздушните удари во Сирија е одговор на барањата што ги упати САД.

Австралија, исто така, се обврза дека директно ќе плаќа издржување на 240.000 раселени лица во земјите кои се граничат со Сирија и со Ирак. За таа цел ќе бидат одвоени 31 милион американски долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.