fbpx

Нападнато седиштето на прокурдската партија во Анкара

-

Седиштето на прокурдската опозициска Народна демократска партија (ХДП) синоќа е нападнато во турската провинција Анкара, соопштија од партијата.

Неименуван претставник на ХДП рече дека толпата ги скршила прозорците на зградата во која се наоѓа седиштето на партијата.

Полицијата во Анкара не го коментираше овој случај.

Гневот на националистите кон Курдите порасна по серијата напади на припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) врз турските безбедносни сили.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...