fbpx

Австралија: 15-годишник осомничен за тероризам

-

Австралиското обвинителство подигна обвинение против пет лица, вклучувајќи и 15-годишно момче, за терористички заговор, а властите на земјата изразија голема загриженост што сè поголем број млади лица се радикализираат.

Тинејџер и еден 20-годишен маж се уапсени утринава и обвинети за заговор за извршување подготовки за терористички напади на зграда на државна институција, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека другите три лица, на возраст од 21 и од 22 години, подоцна биле обвинети за истиот злостор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...