fbpx

Ашмет Елезовски: Правата на Ромите се прекршени како никогаш досега

-

Денеска точно напладне, во паркот Жена-борец, Ашмет Елезовски, член на извршниот одбор на „Европски и ромски патувачки форум“ (ЕРТФ) ќе даде изјава за состајбата со злоупотребите и со прекршувањата на човековите права на Ромите.

Во соопштението за медиуми, пишува дека како никогаш претходно, состојбата со правата на Ромите во Македонија не доживеала толку голем чекор наназад, како што тоа е случај сега, по објавувањето на последната „бомба“ од страна на опозицијата. Но, исто така, како никогаш претходно, со тие објавени телефонски разговори, конечно стана јасно зошто напорите за поголема вклученост на Ромите во Македонија доживува целосен неуспех и покрај многубројните обврски што државата ги има преземено во тој дел.

„Стана јасно дека државните органи што за сите граѓани треба да обезбедат еднаков пристап до правата и слободите гарантирани со закон и со Устав, се, всушност, управувани од лица што за Ромите сметаат дека се само граѓани од понизок ранг и инструмент за злоупотреби во време на избори. Сега е и јасно зошто толку лесно државата насилно, незаконски и спротивно на Уставот постапуваше со Ромите во случајот со таканаречените „азиланти“, кога илјадници Роми беа дискриминирани од граничните служби на Македонија. Ромите од Македонија мора многу поцврсто и целосно самостојно да се изборат за еднакви права и за подобар статус во сопствената држава. Правото на Ромите да уживаат исти слободи и еднаков статус со сите други етнички заедници во земјава не е и не може да биде во ничија сопственост. Затоа, никој нема право тоа да го „нуди и ветувa“, а уште помалку истото да го оневозможува!“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...