fbpx

Иванов на посета во Салцбург

-

Претседателот Ѓорге Иванов, по  повод 25-годишнината од основањето на Европската академија на науките и уметностите, денеска ќе престојува во работна посета на Салцбург,  Австрија.

Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, во рамки на посетата, претседателот ќе оствари средба со австрискиот колега Хајнц Фишер и ќе има обраќање на свеченоста по повод одбележувањето на 25-годишнината од Европската академија на науките и уметностите.

Претседателот Иванов беше инаугуриран во заштитник на Европската академија на науките и уметностите во март 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...