fbpx

Анкета на АВМУ: Граѓаните добро ја воочуваат необјективноста на медиумите

-

Дури 62,71 отсто од испитаниците имаат став дека различни медиуми различно информираат за ист настан, покажуваат резултатите од истражувањето за медиумската писменост на возрасното население старо 16 години или повеќе.

Резултатите од истражувањето што денеска ги презентираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) покажуваат и дека кога ќе се соочат со различни информации во медиумите за ист настан, 50,95 отсто од испитаниците не ги отфрлаат информациите, додека тоа го прават 45,9 отсто. Од друга страна, дел од содржините пласирани во медиумите ги прифаќаат 62,84 отсто од испитаниците, додека 34,87 отсто не ги прифаќаат.

Огромно мнозинство од испитаниците, односно 84,28 отсто, одговарајќи на прашање од анкетата, рекле дека телевизиите мора да бидат слободни за да бидат објективни.

Интересно е што дури 74,66 од прашаните во истражувањето не сметаат дека треба да се информираат само од еден медиум, додека дури 22,85 прифаќаат само еден извор на информирање.

Уште една интересна работа што се открива од истражувањето е дека дури 60,21 отсто од испитаниците при сурфање на интернет и при играње видеоигри се дистанцираат од она што го консумираат како содржина, односно не мислат дека тоа што го гледаат или играат во вистинскиот живот „боли повеќе“.

Кога станува збор за проценката на објективноста на новинските и на другите веб-страници, дури 74,83 отсто од испитаниците врз основа на целокупниот изглед донесуваат суд за тоа дали веб-страницата е објективна или не, но затоа 71,43 отсто од испитаниците прават споредба и на содржините објавени на други веб-страници или медиуми.

Истражувањето е спроведено од 14 ноември до 8 декември минатата година, со лично интервјуирање на 1.523 лица од целата земја, а го спровела агенцијата „Таргет комуникации“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...