fbpx

Андонов седна во фотелјата на МВР, се сликаше и веднаш поднесе оставка

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој дојде на функција вчера, денеска веќе ја поднесе својата оставка до премиерот Емил Димитриев.

За време на неговиот мандат од неколку часа, успеа само да се слика во министерскиот кабинет за официјалната веб-страница на МВР.

Андонов дојде на позицијата министер откако претходниот министер, Митко Чавков, вчера поднесе оставка и од Владата ќе биде назначен за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Синоќа Собранието со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата.

Претходно, премиерот Емил Димитриев пред пратениците образложи дека станува збор за личност која има работено во Армијата на Република Македонија и во Министерството за внатрешни работи, а во науката се има посветено на полето на безбедноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...