вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Оливер Андонов | 20 резултати

Еднодневниот министер Оливер Андонов, директор на ЈП „Јасен“

26 април 2017

Оливер Андонов, кој стана министер за внатрешни работи на само еден ден, 1 септември 2016 година, а следниот ден си даде оставка, по што во втората техничка влада на Емил Димитриев беше назначен за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, од вчера официјално е директор на Јавното претпријатие „Јасен“, се гледа од решението за пререгистрација на […]

РСБПС донираше батериски ламби за сообраќајната полиција

6 декември 2016

Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБПС) донираше техничка опрема, односно 35 батериски ламби, во вредност од 300.000 денари (околу 5.000 евра, н.з.), за потребите на сообраќајната полиција, соопштија денеска од Советот. Техничката опрема денеска ја промовираа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, и претседателот на РСБПС, Стојче Стаменковски. „Примената на современата техничка […]

Спасовски: Антикорупциска покажа дека е само инсталација на партијата на власт

1 декември 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги отфрли заклучоците на Државната комисија за спречување корупција. Тој тврди дека сите распоредувања извршени во МВР, а кои се потпишани од него, се направени во согласност со измените на Законот за Влада и пред донесувањето на одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори. – Во согласност со […]

Антикорупциска побара да се поведе истрага за Спасовски

1 декември 2016

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на јавна седница денеска ги разгледуваше претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кон Оливер Спасовски, и на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ за градоначалникот на Куманово и за директорот на кумановското јавно комунално претпријатие, пишува „Нова ТВ“. Двата приговори се однесуваа на членови од Изборниот законик за […]

Андонов побара оставка од Спасовски

6 ноември 2016

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, побара оставка од министерот Оливер Спасовски бидејќи, според него, Спасовски креирал криминално-полициска местенка за дискредитација на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои, нагласи Андонов, веќе настрадал дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. – Имав средба со еден искусен новинар и бев запрепастен дека сме следени од […]

Јанева ќе биде одговорна ако се загрози националната безбедност, вели Андонов

20 октомври 2016

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, денеска на прес-конференција рече дека Управата за безбедност и контраразузнавање и МВР се подготвени да соработуваат со СЈО. Тој рече дека до вечер или најдоцна до утре ќе се спроведат сите барања на СЈО. – Денеска и технички ќе се овозможи да се издвојат тековните од оние ПИ-мерки кои […]

Андонов најавува нова прес-конференција во МВР во 15 часот

20 октомври 2016

„Ова е една од моите редовни посети во секторите за внатрешни работи и денеска сум во СВР Тетово без разлика на вчерашните и денешните ад хок случувања што ги прави СЈО“, рече дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, при денешната посета на СВР Тетово. Подетални информации за тоа какви биле тие „ад хок случувања на […]

СЈО и Андонов денеска си играат закажи – презакажи со прес-конференции

20 октомври 2016

Дополнителниот заменик-министер за надворешни работи, Оливер Андонов, и Специјалното јавно обвинителство денеска „се бркаат“ со термини за прес-конференции. Во четврток со почеток во 11 часот прес конференција на #СЈО за две нови истраги. — Специјално ЈО (@S_J_O_) October 18, 2016 Пред два дена СЈО најави прес-конференција за денеска во 11 часот, на која треба да […]

Андонов: Јанева ја доведе во прашање националната безбедност

20 октомври 2016

Катица Јанева направи преседан со што може да ја загрози националната безбедност, обвинија дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Виктор Атнасовски, по изјавата што во 1 часот по полноќ ја дадоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката Ленче […]

Началникот на СВР Штип не го пречека, но разговараше со заменик-министерот Андонов

5 октомври 2016

Новиот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Љупчо Трајковски, не излезе пред влезот да го пречека дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска беше во посета на СВР Штип. Андонов, во изјава за новинарите, ова го протолкува како јасен показател за сериозните недоразбирања меѓу него и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. […]

По Јанкулоска, сега Андонов се вози во украдениот џип на Бекам

4 октомври 2016

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, се вози во џипот, марка „БМВ Х5“, што како службено возило, за време на речиси целиот свој мандат, го користеше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, дознава „Мета“. Инаку, токму ова возило, во медиумите беше индентуфикувано и како џип на поранешната фудбалската ѕвезда, Дејвид Бекам, кој бил […]

Андонов седна во фотелјата на МВР, се сликаше и веднаш поднесе оставка

2 септември 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој дојде на функција вчера, денеска веќе ја поднесе својата оставка до премиерот Емил Димитриев. За време на неговиот мандат од неколку часа, успеа само да се слика во министерскиот кабинет за официјалната веб-страница на МВР. Андонов дојде на позицијата министер откако претходниот министер, Митко Чавков, вчера поднесе оставка […]

Собранието без опозицијата го изгласа Оливер Андонов за министер за внатрешни работи

1 септември 2016

Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата. На гласањето за нов министер му претходеше жестока расправа меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, […]

Министер за еден ден – тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ за предизборна контрола на МВР

1 септември 2016

Поставувањето на поранешниот професор на универзитетот МИТ и активист на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), Оливер Андонов, за министер за внатрешни работи за еден ден е последниот тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ. Ова партијата на власт го прави да ги обезбеди клучните позиции во МВР со проверени кадри пред утрешното гласање во Собранието за […]

ФРОДЕМ: Со предлогот за нов министер на МВР, Груевски го прекрши договорот за избори

1 септември 2016

Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договорот за избори, Никола Груевски го покажа своето вистинско лице и неговото сфаќање за „фер и демократски“ избори, се вели во реакцијата на Фронтот за демократската Македонија (ФРОДЕМ) во врска со денешната одлука на Владата за избор на нов министер за внатрешни работи и за разрешување на […]

ССО и СПО не се најсреќни, но се единствени решенија за помош на СЈО, сметаат експертите

12 јули 2016

Формирање на специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои би биле надлежни за процесуирање на случаи на СЈО, е предлогот кој, според засега неофицијалните информации, бил ставен на маса на разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино. Неофицијално, ова прашање било ставено на маса […]

Страна 1 од 1