fbpx

„Алфи“ спасиле девојка што сакала да скокне од балкон

-

Екипа на мобилната полициска единица „Алфа“ завчера вечерта спасиле 24-годишна струмичанка, која сакала да скокне од зграда, на булеварот Видое Смилески Бато, и да си го одземе животот, информираат од полицијата.

Како што велат оттаму, во неделата, околу 23 часот, било пријавено дека на булеварот непознато женско лице се обидува да изврши самоубиство со скокање од балкон од зграда.

Припадници на единицата „Алфа“ насилно ја отвориле вратата од станот и ја тргнале девојката од блаконот од кој сакала да скокне.

Во разговор со неа, како што информираат од полицијата, било утврдено дека таа неколку месеци живеела со М.А. (31) од Скопје, со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања. Дента околу 18 часот, тој излегол и ја заклучил девојката во станот. По извесно време, таа се обидела да изврши самоубиство.

Полицијата го привела М.А. и со него бил извршен разговор. Од полицијата додаваат дека по целосното расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...