fbpx
Таг: балкон

таг: балкон

Накит вреден 5.000 евра украден од стан во Скопје

Непознат сторител се прекачил преку балконска ограда и влегол низ прозорецот во стан во сопственост на Д.Ц. (67) на улица Воденска во Скопје, при што пронашол и одзел златен накит. Веднаш потоа го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Детето што мајката го фрли од зграда, оперирано и стабилно

Детето што вчера беше фрлено од балкон четвртиот кат од зграда во Хиподром, од својата мајка, е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клинички центар. Мајката, која подоцна се фрли, сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). По падот шетгодишното дете доби скршеници на главата, по...

Семејството од Хиподром не било предмет на стручните социјални служби

Семејството од Хиподром, од кое мајката утринава го фрли шестгодишниот син од четврти кат, а потоа и таа скокна, не било предмет на стручните социјални служби, информираат од Министерството за труд и социјална политика. „Во врска со немилиот настан што се случи денеска во населбата Хиподром и кој ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика, по спроведената активност...

Мајка го фрлила детето од балкон, па се фрлила себеси

Мајка го фрлила од балкон своето дете во населбата Хиподром, а потоа се фрлила и себеси. - Во 9.05 часот мајката се заканила дека ќе го фрли детето, во 10 часот го фрлила, а 20 минути подоцна се фрлила и таа - потврдуваат од МВР за „Мета“. И мајката и детето се во Ургентниот центар и се во животна опасност.

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Стојчески за партиското седиште е паушална

Владејачката партија реагира на изјавата на инспекторот на Општина Центар, Кочо Стојчески, кој по денешниот инспекциски надзор изјави дека балконот од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е пуштен во употреба без дозвола. Од партијата на власт тврдат дека целата изјава на Стојчески е паушална и законски неоснована, за, како што велат, замајување на јавноста и за прибирање ситни политички поени. „Да потсетиме дека...

„Алфи“ спасиле девојка што сакала да скокне од балкон

Екипа на мобилната полициска единица „Алфа“ завчера вечерта спасиле 24-годишна струмичанка, која сакала да скокне од зграда, на булеварот Видое Смилески Бато, и да си го одземе животот, информираат од полицијата. Како што велат оттаму, во неделата, околу 23 часот, било пријавено дека на булеварот непознато женско лице се обидува да изврши самоубиство со скокање од балкон од зграда. Припадници на...

Изгоре балкон од стан во населбата Кисела Вода

Во пожар, кој избувнал попладнево, изгорел балкон од стан на паттиот кат од зграда во скопската населба Кисела Вода, во близина на супермаркетот на „Тинекс“. Како што информираат од скопската противпожарна бригада, во пожарот, кој е изгаснат, нема повредени граѓани, а опожарен бил само балконот, додека внатрешноста на станот, сопственост на повозрасна жена, не била оштетена од огнот.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...