fbpx

Александрова: СДСМ крши закони, назначува директори без потврда дека зборуваат англиски

-

Владејачката партија се однесува крајно неодговорно, ги промовира непрофесионалноста и некомпетентноста и полека ја партизира државата, вработувајќи кадри за кои нема докази дека ги имаат бараните квалификации, обвини на прес-конференција Емилија Александрова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи на назначувањето нови директори.

– Новите директори на Управата за јавни приходи, на Бирото за јавна безбедност, на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Управата за безбедност и контраразузнавање се поставени без да се испочитува законската обврска за познавање англиски јазик. Ова се кадри кои иако имале законска обврска, не доставиле доказ дека познаваат англиски јазик, а СДС ги профилира како врвни компетентни кадри – вели Александрова.

Таа на новиот директор на УЈП како „грев“ му го впиша учеството на протестите на „Шарена револуција“.

– Прво ја шараше и ја сквернавеше зградата на УЈП со боја, за денес да седне на директорското столче. Ова е само еден пример за какви професионалци станува збор – рече пратеничката и ги повика управниот инспекторат и трудовата инспекција „да реагираат за кршењето и непочитувањето на законите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...