понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Биро за јавна безбедност | 22 резултати

Владата денеска ќе одлучува за разрешувањето на Велковски

14 август 2018

На денешната седница Владата треба да решава за предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Лазо Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Спасовски го поднесе предлогот за разрешување пред една седмица, откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички […]

Спасовски предложи разрешување на шефот на БЈБ, Велковски, поради скандалот со џипот

7 август 2018

Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазо Велковски, поради скандалот со службениот џип. Велковски потпишал налог за патување, но немало решение за службено патување, велат од МВР. Како што велат од МВР, Одделот за внатрешна контрола и […]

Утрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

28 ноември 2017

По налог на јавен обвинител, рано утрово приведен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Приведувањето е во рамките на истрагата за насилствата од 27 април годинава во Собранието. Во тој момент, Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот […]

Александрова: СДСМ крши закони, назначува директори без потврда дека зборуваат англиски

27 јуни 2017

Владејачката партија се однесува крајно неодговорно, ги промовира непрофесионалноста и некомпетентноста и полека ја партизира државата, вработувајќи кадри за кои нема докази дека ги имаат бараните квалификации, обвини на прес-конференција Емилија Александрова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи на назначувањето нови директори. – Новите директори на Управата за јавни приходи, на Бирото за јавна безбедност, на Агенцијата […]

СДСМ: Чавков ќе одговара за служењето на Груевски

1 мај 2017

СДСМ вечерва порача дека директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, ќе одговара што не ги вршел функциите, туку, како што велат од партијата, му служел на Груевски. „Митко Чавков како раководител на оперативен штаб во МВР бил достапен за Никола Груевски во моменитите на насилното крваво сценарио во Собранието, а не […]

Чавков се правда: Никој не ми кажа дека ќе се избира претседател на Собранието

28 април 2017

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, попладнево одржа прес-конференција на која даде свое видување на вчерашните настани во Собранието. Тој се пожали дека не бил известен дека ќе се прогласи нов претседател на Собранието и вели дека полицијата немала сознанија и најави за можни инциденти. Тој нагласи дека требало време да се процени […]

МВР: До 20.43 часот евакуиравме 30 пратеници

27 април 2017

Министерството за внатрешни работи информира дека до 20:43 часот се евакуирани 30 пратеници, како и дека се преземаат мерки за средување на состојбата во Собранието. МВР со соопштение извести дека во седиштето функционира оперативен штаб, во кој се присутни министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и неговиот […]

Чавков треба да нареди поголемо полициско обезбедување на протестите

1 март 2017

На денешната прес-конференција на МВР не беше даден конкретен одговор дали на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе има зголемено полициско обезбедување, по вчерашниот инцидент во кој беше нападната новинарската екипа на порталот „А1он“. Инаку, според организациската поставеност во МВР, полициското присуство и обезбедувањето протести е под надлежност на Бирото за јавна безбедност […]

Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4 наркодилери

10 ноември 2016

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, денеска соопшти дека во вторникот во организарана акција пресекле меѓународен канал за трогвија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, како што информираше Чавков, била со потеколо од Албанија, а требало да заврши во […]

Чавков на „Фејсбук“ објави „холивудизиран“ пропаганден видеозапис од вежба на „Тигрите“

4 ноември 2016

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот  фејсбук-профил објави 15-минутен видеозапис во холивудски стил, од вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“. Атмосферата од вежбата, во која се користат снајперски пушки, ракетни фрлачи (РПГ) и „хермелини“, е засилена со драматична музика во заднината, а активностите на терен, според кадрите, се снимени со повеќе […]

Директорот на БЈБ, Савовски, се сретна со својот колега од ЕУЛЕКС на Косово

29 февруари 2016

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска се сретна со директорот на ЕУЛЕКС во Косово, Оливер Хофман. На средбата, како што соопштуваат од МВР, било разговарано за размена на информации за организирани криминални групи, кои функционираат од двете страни на границата, како и за подобрување и за […]

Македонскиот и грчкиот шеф на полицијата се сретнаа во Солун

25 февруари 2016

Справувањето со бегалската криза беше главна тема на денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот шеф на полицијата, Горанчо Савовски и Константинос Цувалас, во Солун. Ова е прва средба воопшто меѓу шефовите на македонската и на грчката полиција досега. Двајцата шефови на полициите разговараа за актуелни теми од заеднички интерес и за можноста да се продлабочи соработката […]

Во Солун за мигрантите разговараат директорите на македонската и на грчката полиција

25 февруари 2016

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска е на билатерален состанок во Солун со својот колега, директорот на грчката полиција, Константинос Сувалас, соопшти МВР. На средбата, која е на покана на шефот на грчката полиција, ќе се разговара за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу […]

МВР појаснува: Мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се носат со директна линија

18 февруари 2016

Транспортот на мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се врши со директна линија, туку секоја земја на западно-балканската мигрантска рута посебно ќе го организира превозот на мигрантите до нивната крајна дестинација, каде имаат намера да бараат азил, појаснуваат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Тоа што било договорено на денешниот состанок на директорите на […]

Падна договор: Мигрантите директно од Гевгелија ќе се носат до Австрија

18 февруари 2016

Шефовите на полициите на петте земји од западно-балканската мигрантска рута, Австрија, Словенија, Македонија, Хрватска и Србија, денеска се договорија и потпишаа декларација, според која профилирањето и регистрирањето на мигрантите ќе се врши на грчко-македонската граница, а бегалците што ги исполнуваат условите, организирано ќе бидат транспортирани од Гевгелија до преминот Шентиљ на словенечко-австриската граница. На состанокот, кој […]

Македонија, Австрија, Хрватска, Србија и Словенија утре ќе се договараат за мигрантите

2 февруари 2016

Директорите на полициите на Австрија, Хрватска, Словенија и на Србија утре доаѓаат во земјава на состанок со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Горанче Савовски, на кој главна тема ќе бидат актуелните состојби околу мигрантската криза. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), на средбата ќе присуствува и државниот секретар за внатрешни […]

Нов изглед на полициските униформи до 2020 година

27 јануари 2016

Новата „Стратегија за развој на полицијата 2016-2020“, која беше промовирана денеска во Инфоцентарот на Европската унија во Скопје, ќе донесе и нов изглед на униформите на македонските полицајци. Ова, како една од конкретните цели на новата статегија, на промоцијата го најави тимскиот лидер на проектот, експертот за општо полициско работење, Александар Кребл. – Нов изглед […]

Спасовски ќе ја промовира „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“

27 јануари 2016

Денеска во 11 часот, во ЕУ-инфоцентарот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“, која, како што информираат од МВР, е еден од клучните документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капицитетите на полицијата“, финансиран од Европската унија. На презентацијата, свои обраќања ќе имаат раководителот на одделот за […]

Страна 1 од 1