fbpx

Чавков се правда: Никој не ми кажа дека ќе се избира претседател на Собранието

-

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, попладнево одржа прес-конференција на која даде свое видување на вчерашните настани во Собранието. Тој се пожали дека не бил известен дека ќе се прогласи нов претседател на Собранието и вели дека полицијата немала сознанија и најави за можни инциденти. Тој нагласи дека требало време да се процени зошто било избран моментот по 18 часот, време кога секојдневно има протести пред Собранието.

– За жал, во Собранието, по завршување на седницата на парламентот, вчера се случија неколку инциденти кои го предизвикаа и го испровоцираа гневот и револтот на граѓаните. Кога велам дека немало никаква пријава до полицијата, сакам да кажам дека никој ниту од Собранието не се јави дека ќе има обид по завршување на седницата да биде прогласен нов спикер. Какви биле проценките на тие што го планирале ова сценарио, не можам да коментирам, но очигледно е дека начинот на кој беше спроведено тоа, ги зголеми безбедносните ризици и предизвика моментална реакција на присутните пред Собранието. Ќе треба време и дополнителна анализа зошто тие што стојат зад сценариото одбраа да го реализираат по 18 часот, знаејќи дека во тоа време секојдневно се одржуваат протести пред зградата на Собранието – рече Чавков.

Тој одговори и на обвинувањето од Зоран Заев и му порача дека нема да го заплаши.

– Што се однесува до директните закани што кон мене ги упати лидерот на опозицијата, Зоран Заев, сакам да му порачам дека јас целата моја кариера ја поминав служејќи ѝ на државата и сум се соочил со многу сложени безбедносни предизвици, сум работел професионално во полза на Македонија и на граѓаните на Република Македонија. Затоа му порачувам дека ниту ме загрижува нити, пак, може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури со кои тој е во спрега. Неговите закани и неговото недолично однесување повеќе говорат за него самиот и за начинот на кој тој дејствува- рече Чавков.

На прес-конференцијата тој беше придружен од полицајци, за кои рече дека досега се докажале и дека е некоректно нивното постапување да се политизира и тие да бидат претставувани како непријатели на државата и на македонскиот народ.

– Истрагата и анализите на целиот случај ќе продолжат и во наредниот период и ќе се утврдува поединечната одговорност на сите инволвирани – порача Чавков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...