Спасовски предложи разрешување на шефот на БЈБ, Велковски, поради скандалот со џипот

-

Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазо Велковски, поради скандалот со службениот џип. Велковски потпишал налог за патување, но немало решение за службено патување, велат од МВР.

Како што велат од МВР, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, а со возилото управувал вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Во својот исказ, директорот на БЈБ потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил поради тоа што подолго време имало закани кон него и неговото семејство. Според соопштението, Велковски рекол дека бидејќи бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама, па го ангажирал припадникот на неговото обезбедување да го вози џипот.

„Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски“, соопштија од МВР.

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“...