fbpx

Ахмети: Спорот за името, албанскиот јазик и реформите – клучни теми за идната влада

-

Идниот владин мандат ќе биде многу важен за клучни теми, како што се спорот за името, владеењето на правото, реформите, еднаквоста и прашањата поврзани со албанскиот јазик, рекол, меѓу другото, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во седиштето на Европската Унија во Скопје.

На средбата Ахмети и европратениците разговарале за развојот на предизборната кампања, денот на изборите, владеењето на правото и за периодот по изборите на 11 декември.

„Лидерот на ДУИ, Ахмети, говореше за подготвеноста на ДУИ да се придонесе кон одржување сеопфатни, веродостојни и прифатливи избори за сите страни. Зборувајќи за постизборниот период, претседателот Ахмети рече дека идниот владин мандат ќе биде многу важен за клучни теми, како што се спорот за името кој овозможува евроатланска интеграција, владеењето на правото и потребните реформи од страна на меѓународната заедница заедно со еднаквоста и решавањето на албанскиот јазик“, стои во соопштението од ДУИ за средбата.

На средбата, се додава во соопштението, било разговарано и за различните идеологии во земјава и во регионот, и за „напорите од страна на разни групи да влијаат на пренасочување на земјата и на регионот од евроатланската ориентација“.

Ахмети пред Вајгл, Кукан и Флекенштајн ја потврдил неговата поддршка на работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која, како што велат од ДУИ, треба да биде непристрасна и без политички и етнички предрасуди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...