Адеми: Студентите ми бараат оставка, а не се политичка партија

-

Студентите кои протестираа вчера за да се укине ектерното тестирање на факултетите сакаат и институционално да ја продолжат борбата. Бараат средби со надлежните институции каде што ќе можат да ги образложат нивните ставови и проблеми. Сè уште не добиле никаков одговор од министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на писмото што му го испратија вчера.

Министерот вели дека одговор не може да даде затоа што во писмото нема ни име ни адреса.

– Ќе имаме состанок на кој ќе се утврдуваат следните чекори. Ние сакаме борбата да ја продолжие на институционално ниво. Бараме средба со министерот за образование и наука, со претставници на СПУКМ, но и со претседателот Ѓорге Иванов, бидејќи сметаме дека неговиот став е многу важен затоа што тој е универзитетски професор. Во наредниот период сакаме и да организираме дебата на студентско ниво за да можеме да ги утврдиме сите проблеми и со примери да се обратиме до институциите – вели Стефан Видиков од „Студентски пленум“.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека го добил писмото од студентите и дека смета дека зад протестот стојат политички партии.
– Примив писмо во кое нема ништо конкретно за екстерното оценување. Има барање за оставка на министер, а се знае дека оставка секогаш бараат политички партии, а не студенти. Подготвив одговор на писмото но, за жал, не можам да го доставам зашто во писмото нема ни име ни адреса. Деновиве очекувам да добијам име на организаторот и адреса за да му пратам одговор, а ако не добијам, тогаш јавно ќе одговорам преку средствата за јавно информирање – изјави Адеми.

Тој лично е повеќе наклонет да има екстерно тестирање, но рече дека таа одлука не зависи само од него.
– Пред сè зависи од Одборот за акредитација кој треба понатаму да ги спроведува сите активности, па универзитетите, студентите, политики на Владата од аспект на образованието. Ако се одлучиме да има, тоа мора да биде без да се нарушува автономијата на универзитетите, без да се загрози Болоњскиот процес и без да има дополнителен товар и за универзитетите и за студентите – изјави Адеми.

Адеми додаде дека сè уште не е одлучена формата на оценување, а кога ќе се одлучи, тоа ќе биде транспарентно споделено со јавноста. Тој рече дека е отворен да дискутира и да ги прими не само легитимните претставници, туку и сите заинтересирани.

С.А.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...