ВМРО-ДПМНЕ: Заев да објави сè што има

-

Веќе подолг временски период опозицијата во нашата земја најавува некакви бомби, изненадувања, пумпа атмосфера и креира некоја лажна еуфорија за сопственото членство. Затоа го повикуваме претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по најавите за „бомба“, да објави сè што има да објави, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таа бомба, според нив, ќе треба за три дена да ја натера Владата со наведната глава да се повлече, таа бомба задирала во меѓуетничките односи и во којзнае уште што, таа бомба можела да наштети на државата, но тие, сепак, иако не сакале, ќе ја активирале. Таа бомба била многу опасна, па имаше и разни шпекулации што сè содржи таа бомба, па нагаѓања, за кај јавноста да се создаде свесност и исчекување на темите кои опозицијата сака да ги наметне. Исто така, во целата таа нивна еуфорија, бевме прозивани, ако сме биле чесни, да побараме од нив да го објават тоа што го имаат. ВМРО-ДПМНЕ со ова соопштение до јавноста јавно го повикува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да објави сè што има да објави“, порачуваат од владејачката партија.

Во соопштението се нагласува и дека „ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за сите можни сценарија, свесни за сопствените вредности и принципи, и водена од интересите на државата и на граѓаните“.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш досега, а ниту во иднина, нема да подлегнува на притисоци и на уцени и на вакви сценарија, без разлика од кого доаѓаат. Со уцени, со притисоци и со непринципиелен и неодговорен пристап не се постигнува ништо и ние тоа ќе го докажеме. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на програмските определби и ветувања кон граѓаните, а што се однесува до СДСМ може слободно да прави буквално како што сметаат дека треба, ние не веруваме дека тоа е начинот на кој се постигнува доверба кај граѓаните“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...