fbpx

Адеми: Образованието мора постојано да се модернизира и реформира

-

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на Глобалниот образовен самит кој викендов се одржува во Истанбул во своето излагање истакна дека е неминовно образованието постојано да се модернизира и реформира.

– Денес можеби побрзо од кога и да е,  потребно да се воведуваат новини во образованието. За да бидеме во тек со развојот на научната мисла, како Министерството за образование и наука и како Владата на Република Македонија, во континуитет работиме  на осовременување на образованието и тоа во сите сфери, во основното, средното и високото образование. Воведените  реформи во образовниот систем во нашата земја одговараат на потребите на пазарот на трудот, бидејќи како и на секоја држава и нам ни е потребен, образован и  стручен кадар – рече Адеми.

Министерот пред присутните зборувал за дел од реформите кои се направени во македонското образование.

– Сакам да потенцирам дека во тек е изготвувањето на нова „Стратегија за образование 2016 – 2020“, преку  која ќе се зајакнат сите капацитети во воспитно образовната политика на нашата земја. Квалитетното образование овозможува градење на општество базирано на знаење и  придонесува целиот овој систем да одговара на потребите на учениците, училиштето, на локалната заедница, бизнис секторот, на целото општествено опкружување – рече Адеми.

Министерот осврнувајќи се на реформите во основното образование, потенцирал дека основците учат по Кембриџ програмите.

– Една најголемите реформи во основното образование е воведувањето на  наставни програми подготвени од Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од пет до 19 години. Морам да нагласам дека Република Македонија е прва земја во регионот која воведе наставни програми по Кембриџ. Прво беа воведено од прво до трето одделение, потоа од четврто до шесто, од наредната година математика и предметите од областа на природните науки ќе се воведат во седмо, осмо и деветто одделение. Следен чекор е воведување на светски признатите наставни програми од областа на природните науки во средното образование“, рече Адеми.

Средното образование во Република Македонија е задолжително, рекол Адеми и додал дека и во оваа сфера се воведуваат новини, со цел средното образование да биде европски усогласено и прилагодено на пазарот на труд.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...