fbpx

ААВМУ: МРТ генерално обезбедила избалансираност во известувањето во изборната кампања

-

Четирите програмски сервиси на Македонската радио-телевизија (МРТ) генерално обезбедиле избалансираност во вестите во поглед на изборното медиумско известување, но ригидните математички формули од Изборниот законик ги покажаа своите слабости и на овие избори. Ова се главните заклучоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во Извештајот од изборното медиумско претставување за предвремените парламентарни избори 2020 година. 

Посочувајќи го барањето во Изборниот законик вестите да се структурирани по формулата 30 отсто за активности на власта, 30 отсто за опозицијата, 10 отсто за партиите што не се во парламентот и 30 отсто за дневните настани од земјава и светот, од ААВМУ сметаат дека било очекувано МРТ да одвои повеќе време за опозициските партии од оние на власта во изборното медиумско известување за време на кампањата.

„Од една страна, поделбата на учесниците во изборната кампања во 30-тините според тоа дали доаѓаат од власта или од парламентарната опозиција доведе до асиметрична и нерамномерна поделба – во делот за власта времето се распределуваше меѓу три, а во делот за опозицијата – меѓу два субјекти“, се вели во Извештајот на ААВМУ.

Од Агенцијата посочуваат дека десетте преостанати помали учесници во изборите морале да бидат сместени во 10 отсто од вестите на четирите програмски сервиси на МРТ, без оглед на тоа колкави активности имале во текот на денот.

„Одредбата за ваквата распределба на времето во вестите од членот 76-а став 2, можеби имаше логика за периодот кога беше утврдена, но веќе неколку изборни циклуси наназад покажува дека претставува прекумерен товар, којшто го принудува Јавниот сервис да се концентрира на формата – броењето секунди, а дури потоа на суштина – новинарското известување, при што целосно му е ускратена можноста да ги коментира актуелните настани, бидејќи е принуден само да – известува, односно да користи само претежно информативни, но не и аналитички новинарски жанрови“, наведува ААВМУ во Извештајот за мониторингот над известувањето на јавниот сервис во периодот од 24 јуни до 12 јули 2020 година.

Медиумскиот мониторинг на ААВМУ покажал дека првиот и вториот телевизиски програмски сервис на МТВ, како и првиот и третиот програмски сервис на Македонското радио ги почитувале прописите од Изборниот законик и известувале избалансирано во текот на изборната кампања. Мали отстапувања во процентите на одвоено време во известувањето се констатирани кај програмите на јавниот сервис, но само поради тоа што на програмата морало да се известува за дневната состојба со ковид-19, кој претставувал суштинска тема паралелно со изборната кампања, но како таква воопшто не е предвиден во членот 76-а став 2 од Изборниот законик.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...