fbpx

Три партии се приклучија на опозицискиот блок

-

Денеска на здружената опозиција ѝ се приклучија уште три партии, Нова алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, Обединети пензионери и граѓани на Македонија на Илија Николовски и Партија на економски промени 21. Сите ја потпишаа Декларацијата на граѓани на Македонија и ќе присуствуваат на протестот в недела. Ова го изјави Горан Милевски, претседателот на ЛДП, по средбата на лидерите на здружената опозиција.

Целосна поддршка на протестот даде и Либералната партија на Македонија, а претседателот Ивон Величковски побара време за органите на партијата да одлучат дали ќе ѝ се приклучат на здружената опозиција.

Милевски апелираше протестите да бидат мирни и достоинствени. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека има притисоци кон граѓаните и кон автобуските превозници, но и дека се подгрева некоја атмосфера дека протестите ќе бидат насилни за граѓаните да не дојдат. Милевски рече дека тоа нема да успее и потсети дека сите на протестот ќе се појават без партиски обележја, туку само под боите на Макединија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...