Украинскиот претседател Петро Порошенко оцени дека спогодбата од Минск, која големите сили ја препознаа како единствен излез од судирите во Донбас, е само „псевдомир“, за кој Украина плаќа висока цена.
– Ќе се бориме до последната капка крв – рече Порошенко во интервјуто за германската телевизија ЗДФ, додавајќи дека неговите сили прават сè за да го заштитат источниот украински град Мариупол од рускиот агресор.
Порошенко ја обвини Русија за инвазија на неговата земја затоа што ги поддржува бунтовничките сили на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск. Иако упати критки за Договорот од Минск, Порошнко рече дека останува посветен на реализацијата на договорот, бидејќи видел оти не постои воено решение. Според неговите зборови, од разговорите во Минск во февруари досега, загинале 83 војници.
Поврзани написи
Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ
Украинските единици за противвоздушна одбрана собориле 23 од 24 дронови „Шахед“ што Русија ги користела за напади на Украина ноќта меѓу 4 и 5 мај, објави командантот на украинските...
Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев
Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...
Нема докази дека Зеленски купил вила од британскиот крал Чарлс Трети за 20 милиони долари
EUvsDisinfo пишува дека, „ниту еден сериозен медиум не објави за ова неосновано тврдење, кое се ширеше исклучиво од про-Кремљ профили и сметки на социјалните мрежи“. Единствениот извор за оваа...
Нашите вести во вашето сандаче
Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Албанскиот театар од Скопје ја изведе „Диво месо“ од Горан Стефановски во Тирана
Албанскиот театар од Скопје, на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана ја изведе претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. Претставата наиде на...