fbpx

Порошенко: Украина плаќа висока цена за договорот од Минск

-

Украинскиот претседател Петро Порошенко оцени дека спогодбата од Минск, која големите сили ја препознаа како единствен излез од судирите во Донбас, е само „псевдомир“, за кој Украина плаќа висока цена.
– Ќе се бориме до последната капка крв – рече Порошенко во интервјуто за германската телевизија ЗДФ, додавајќи дека неговите сили прават сè за да го заштитат источниот украински град Мариупол од рускиот агресор.
Порошенко ја обвини Русија за инвазија на неговата земја затоа што ги поддржува бунтовничките сили на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск. Иако упати критки за Договорот од Минск, Порошнко рече дека останува посветен на реализацијата на договорот, бидејќи видел оти не постои воено решение. Според неговите зборови, од разговорите во Минск во февруари досега, загинале 83 војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...