fbpx

Серија бомбашки напади во Тајланд

-

Во серија бомбашки напади на југот на тајландската провинција Јала, за кои се осомничени муслиманските бунтовници, загинаа 18 лица, соопшти војската.

Воената влада која раководи со Тајланд по минатогодишниот пуч, наведе дека усвоила нова стратегија за задушување бунтови, а минатиот месец предочи дека нападите на муслиманските бунтовници се намалени за 50 отсто во немирниот регион.

Повеќе од 6.500 луѓе, претежно цивили, загинале од 2004 година во сепаратистичкото насилство на југот од земјата, каде изби побуна против будистичката власт.

Тајланд е будистичка земја, но во јужните покраини Јала, Патани и Наративат мнозинството се муслимани, кои со децении даваат отпор кон централната власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...