fbpx

Оланд во историска посета на Куба

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд е прв шеф на некоја западна држава кој стигнал на Куба по најавата за одмрзнување на односите меѓу оваа држава и САД. Целта на историската посета на Оланд е да ги застапува француските и европските интереси во земјата, која би можела да тргне кон економско отворање.

Идејата на патувањето е Франција да биде прва, во име на Европа и меѓу западните земји, која ќе им каже на Кубанците „дека сме со нив ако одлучат да ги покренат потребните етапи за отворање“, како што рече Оланд пред да замине за Куба.

Како десетти економски партнер на Куба, Франција сака да ја зајакне својата позиција на кубанскиот пазар и да не дозволи без неа да мине отворањето на кубанскиот економски пазар. Токму затоа Оланд на оваа посета со себе понесе директори од бројни француски компании, како и најмалку седум министри и државни секретари.

Оланд најави дека ќе се разговара и за прашањата за човековите права.

Францускиот шеф на државата би требало да се сретне со својот кубанскиот колега Раул Кастро, кој го наследи својот брат Фидел во 2006 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...