Куба започна да ги вакцинира децата над 2 години против ковид-19

-

Кубанската влада одлучи да започне вакцинација против ковид-19 на децата постари од 2 години низ целата земја, јавува Си-ен-ен. Мерката е донесена за да се овозможи децата да се вратат назад во школските клупи. Куба е првата земја која се одлучи да ги имунизира децата на волку ниска возраст, додавајќи дека вакцините од нејзино производство се безбедни за децата.

За време на ковид-19 пандемијата, во Куба не се одржуваше настава со физичко присуство во училиштата, така што учениците беа приморани да учат преку образовна програма што се емитуваше на телевизии по неколку часа дневно. Интернетот по домовите во Куба и понатаму е реткост.

Процесот на имунизација на кубанското население се одвива со вакцини коишто го произведе самата земја, а комунистичките власти планираат до средината на ноември да вакцинираат над 90 отсто од сите жители пред планираното отворање на границите.

Куба допрва ќе бара од Светската здравствена организација одобрение за користење на нејзините вакцини, а досега има обезбедено малку податоци на странски научници за нив.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...