fbpx

Tаксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски јазик

-

Министерството за транспорт и врски информира дека утре истекува рокот во кој таксистите можат да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик.

Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта, [email protected], или во архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата, која може да се најде на веб-страницата на Министерството, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Во согласност со Законот за патен сообраќај, сите автотакси-возачи мора да поседуваат сертификат за познавање основен степен на англиски јазик. Овој сертификат е еден од условите за да добијат лиценца за вршење на автотакси-превоз и кој ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...