fbpx

Попоски на министерски состанок во Словенија

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на министерската средба „Брдо процес“, која се одржува на Брдо при Крањ, Република Словенија.

На состанокот, чии домаќини се словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец и францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, ќе учествуваат министрите на Австрија, Германија, Италија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и на Црна Гора, еврокомесарот за европска соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, како и висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Главен фокус на средбата ќе биде регионалната соработка и односите со земјите-членки на ЕУ, како и предизвици со кои се соочуваат државите од Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...