fbpx

Рубљата повторно паѓа во споредба со доларот

-

Руската валута рубља денеска падна на најниско ниво во последните две недели во споредба со американскиот долар.

Доларот денеска продолжи да поскапува, па еден долар вреди 54 рубли, што е највисок износ од 8 април.

Рубљата делумно се оправи годинава откако кон средината на декември минатата година падна толку што за еден долар се добиваа 80 рубли, што е најголем колапс од валутната криза во Русија од 1998 година.

Руската економија и рубљата беа тешко погодени во 2014 година поради падот на цената на нафтата, како и поради санкциите што Западот ги воведе кон Москва поради мешањето во кризата во Украина.

Новиот пад на рубљата следи по падот на цената на нафтата и по одлуката на Руската централна банка од 20 април, да ја зголеми каматната стапка што би можела да овозможи продажба на странска валута на аукции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...