четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: долар | 24 резултати

Дезинформација е дека има изненадување во менувачниците во земјава

октомври 10, 2022

Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

Цената на нафтата на светските берзи падна на најниско ниво до 14 јануари досега

септември 26, 2022

Цените на нафтата на светските берзи втор ден по ред паѓаат, поради стравот за пониска побарувачка на гориво во рамки на глобална рецесија предизвикан од пораст на каматните стапки во светот и порастот на вредноста на американскиот долар, извести Ројтерс. Сировата нафта за идна испорака (ноември) падна за 1,35 американски долари, односно 1,57 отсто на […]

Цената на горивата се намалува за половина денар

октомври 16, 2017

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“, на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство, од вечер на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 63 денари за еден литар, на „еуродизел“ – 51 денар, а „еуросупер БС-98“ останува со цена од 65 денари за еден литар. Намалувањето […]

Дизел-горивото поскапува, а цената на бензинот останува иста

октомври 2, 2017

Од ноќеска на полноќ дизел-горивото поскапува за два денари по литар, а цената на бензинот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“останува 63,5денари, односно 65 денари за еден литар. Дизел-горивото ќе се продава за 51,5 денари за еден литар. Како причина за зголемувањето на цената на […]

Бензинот „еуросупер БС – 98“ поскапува минимално

август 21, 2017

Цените на бензинот „еуросупер БС – 95“ и на дизелот остануваат исти, а цената на „еуросупер БС – 98“ се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата одлука, цената на „еуросупер БС – 95“ ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС – […]

Еврото на шестмесечен максимум по победата на Макрон

мај 8, 2017

По победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, утринава еврото ја достигна највисоката вредност во последните шест месеци во однос на доларот и на јенот, јавија светските медиуми. Причината е што инвеститорите се убедени дека ваквиот резултат, односно победата на Макрон над ултранационалистката Марин ле Пен, претседателка на крајно десничарската партија Национален фронт, […]

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

јануари 23, 2017

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе се намали за еден денар и ќе изнесува 66 денари за еден литар, додека цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за половина денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на еден литар дизел-гориво ќе изнесува 52,5 денари. Просечната цена на суровата нафта […]

По референдумот во Италија, еврото изгуби од својата вредност во однос на доларот

декември 5, 2016

Еврото изгуби од вредноста во однос на доларот и падна на 1,055 од 1,0625 долари, по првите анкети кои покажаа дека Италијаните на референдум ги отфрлија уставните промени на премиерот Матео Ренци, јавуваат светските медиуми. Финансиските пазари реагираа на референдумот, а губењето на вредноста на еврото е последица на таквата реакција. Италијанскиот премиер Матео Ренци […]

По победата на Трамп, вредноста на доларот почна да се зголемува

ноември 16, 2016

Трговците со валути сметаат дека постојат 45 проценти шанси за вредноста на доларот спрема еврото да се зголеми на еден долар до крајот на идната година, пишува „Блумберг“. Пазарот денеска се потпира на ветувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците и дека ќе ја зајакне потрошувачката. Тоа би требало да го зголеми економскиот […]

Пад на берзите по победата на Трамп, поскапува само златото

ноември 9, 2016

Светските финансиски пазари веднаш и тоа негативно реагираа на веста за победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори. Берзите покажуваат драматичен пад, а се зголемува само цената на златото, што е вообичаена ракција на инвеститорите во време на неизвесност и на криза. Американскиот долар исто така изгуби од својата вредност, како и европските валути, меѓу […]

Бензинот поевтинува за половина денар по литар

октомври 3, 2016

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ – 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 […]

Дизел-горивата поевтинуваат за денар по литар

јули 25, 2016

Цените на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто. Малопродажните цени на „еуросупер-95“ и на „еуросупер […]

Сорос предвидува дека Брексит ќе ја турне економијата во криза како во 2008 година

јуни 30, 2016

Одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика криза на финансиските пазари слична на глобалната финансиска криза од 2007 и од 2008 година, изјави денеска американскиот милијардер Џорџ Сорос, во обраќањето во Европскиот парламент во Брисел. – Кризата се случува забавено, но Брексит ќе ја разгори. Веројатно ќе се зголемат дефлаторните притисоци кои веќе […]

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот

февруари 22, 2016

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот поради неизвесноста во поглед на потенцијалното излегување на Обединетото Кралство до Европската унија, пренесува „Би-Би-Си“. При тргувањето, фунтата ослебела за 1,4 отсто во однос на доларот, со што продолжи неколкумесечното слабеење. Спрема јапонскиот јен, фунтата од 162,40 јени во петокот, денеска падна на вредност од 160,40 јени, […]

Пад на еврото во однос на доларот

јули 6, 2015

Еврото падна за повеќе од еден отсто во однос на доларот, а и европските акции и берзите навестуваат остар пад во текот на денот. Неименувани извори од Европската централна банка, за новинската агенција „Ројтерс“ велат дека ЕЦБ најверојатно ќе го задржи досегашното ниво на ограничувања на итните средства за грчките банки, што ќе се одрази […]

Затворањето на грчките банки предизвика падови на европските и на азиските берзи

јуни 29, 2015

Берзите во Европа и на Азија бележат големи падови откако Грција ги затвори сите свои банки и почна со контрола на нивниот капитал, пренесуваат светските медиуми. Потегот на грчките власти доаѓа откако Европска централна банка (ЕЦБ) реши да не ја зголеми кредитната помош за земјата. Индексот на лондонскиот ФТСЕ 100 паднал за речиси 2 отсто, […]

Рубљата повторно паѓа во споредба со доларот

април 21, 2015

Руската валута рубља денеска падна на најниско ниво во последните две недели во споредба со американскиот долар. Доларот денеска продолжи да поскапува, па еден долар вреди 54 рубли, што е највисок износ од 8 април. Рубљата делумно се оправи годинава откако кон средината на декември минатата година падна толку што за еден долар се добиваа 80 рубли, […]

Порастот на доларот добредојден за македонскиот извоз

април 21, 2015

Зајакнувањето на доларот во однос на еврото е промена која е добредојдена за компаниите чии цени се во евра, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија. – Зајакнувањето на доларот во однос на еврото за земјите и за компаниите чии цени се во евра, ќе значи можност за зголемување на извозот во земјите каде што […]

Еврото на најниско ниво во последните 11 години

март 10, 2015

Еврото падна на најниско ниво во последните 11 и пол години во однос на американската валута. Побарувачката на доларот и понатаму се зголемува по одличните резултати на пазарот на труд во САД, затоа што пазарот сè повеќе е уверен дека Федералните резерви кон средината на годинава ќе ги зголемат каматните стапки. Спротивно на тенденциите на монетарната […]

Рекорден пад на еврото во однос на доларот

јануари 7, 2015

Еврото падна на деветгодишен минимум во однос на американскиот долар, а цената на европската нафта „брент“ за кратко денеска падна под 50 долари за еден барел што е за првпат од 2009 година. Еврото изутринава во Европа се разменуваше за 1,1842 долари. Забавувањето на глобалниот пораст и зголемувањето на понудата на нафта и на гас […]

Страна 1 од 1