fbpx

Убиен лидер на исламистичка група на Кавказ

-

Рускиот национален комитет за борба против тероризмот соопшти дека за време на специјалната операција во Дагестан, на северот на Кавказ, е убиен Алишаб Кебеков, лидерот на исламистичката група Кавкавски емирати.

Припадниците на групата Кавкавски емирати на својата интернет-страница објавија дека Кебеков е мртов, наведувајќи дека „нивниот брат станал маченик“.

Четириесет и тригодишниот Кебеков минатата година дојде на чело на групата, по смртта на чеченскиот лидер Доку Умаров. Кебеков е на руската листа терористи и екстремисти, а САД го прогласија за „глобален терорист“, затоа што изрази спремност да изврши наредби на Ал каеда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...