fbpx

Фатен разбојник кој нападнал и ограбил жена

-

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Скопје, поради постоење основи за сомневање дека извршил разбојништво, со што стекнал противправна имотна корист од околу 35.000 денари.

„Кривичното дело пријавениот, заедно со уште три засега непознати лица, го извршил на 9 јули 2014 година, на подрачје на Ѓорче Петров кога, движејќи се со возило, ја пресретнал оштетената, при што А.С. ја удрил со дланка во пределот на градите, додека едното непознато лице ѝ го скинало синџирчето од вратот. Другите две непознати лица, кои биле во возилото, се обиделе да ја удрат оштетената бидејќи таа преку мобилен телефон побарала помош“, информираат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...