Се обидел да силува малолетничка во својот автомобил

Б.Џ. (29) од Шуто Оризари, на патот за село Кондово, на сила внел 17-годишна девојка во својот автомобил и се обидел да ја силува.

„Б.Џ., од автомобил марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки, почнал да ѝ довикува за истата да влезе во возилото, по што ѝ го попречил патот со возилото, излегол и со употреба на физичка сила ја внел на совозачкото седиште. Потоа истиот се упатил кон мостот на реката Вардар во село Сарај, при што запрел и почнал да ја допира малолетничката по градите и по телото. Бидејќи девојката давала отпор и се бранела, тој ја удрил и ја префрлил на задното седиште од возилото и се упатил кон село Кондово, при што возилото било пресретнато и сопрено од полициски службеници“, соопштува МВР.

Настанот во полициската станица Ѓорче Петров го пријавил таткото на малолетната девојка, а по целосно докумeнтирање на случајот, ќе биде поденсен соодветен поднесок.