Мисијата на ОБСЕ распиша Конкурс за есеи за студенти на тема корупција

Авторите на трите најдобри есеи ќе добијат ваучери за купување на ИТ опрема. Рокот за испраќање на есеите е до 15 ноември

Фото: Glenn Carstens-Peters on Unsplash

Мисијата на ОБСЕ распиша Конкурс за есеи за студенти на македонските универзитети. Темите вклучуваат корупција и млади, корупција и избори, криминални аспекти на корупцијата и корупција и криминал.

Право на учество имаат студенти на дипломски и постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Есеите треба да бидат базирани на добро фактичко разбирање за комплексната природа на корупцијата и претставување на реалистични идеи за намалување на корупцијата. Авторите треба да имаат еден или повеќе аргументи поврзани со избраната тематска анализа, кои треба да бидат разработени и поддржани со некои веродостојни извори од академската, правната или политичката литература. Авторите се поттикнуваат да го изложат своето лично мислење, но треба да се осигураат дека таквото мислење е базирано на веродостојни и убедливи докази.

Есеите треба да бидат напишани на добро структуриран и јасен начин, со соодветна употреба на јазикот. Треба да се базираат на една од овие општи теми: Корупција и млади, Корупција и избори/финансирање на политички партии, Кривични аспекти на корупцијата и Корупција и род.

Есеите треба да бидат напишани на англиски јазик, со употреба на Times New Roman, големина на фонт 12 и проред 1.5, и треба да бидат долги помеѓу 1400 и 1600 зборови (три страници). Подолгите есеи нема да бидат разгледани.

Есеите треба да бидат оригинална работа на авторите. Секој знак на плагијаризам (вклучувајќи го користењето на Chat GPT) ќе биде казнет со исклучување од натпреварот.

Конкурсот е дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“, кој има за цел да го зајакне владеењето на правото и човековите права преку спроведување на меѓународните стандарди и обврски на ОБСЕ во областа на правосудството и темелните права, во согласност со стратешките приоритети на земјава.

„По успешното завршување на серијата предавања за борба против корупцијата, организирани во соработка со четири национални универзитети (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола и Југоисточен Европски Универзитет), и покажаниот интерес на студентите, а со цел да се поттикне активната вклученост во борбата против корупцијата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира натпревар во пишување на есеи за студенти. Натпреварот за есеи беше инспириран од покажаниот интерес на студентите кои учествуваа на предавањата за борба против корупцијата, каде добија инспиративни предавања од неколкумина, академици, професионалци и активисти во областа на борба против корупцијата“, велат од ОБСЕ.

Авторите на трите најдобри есеи ќе добијат ваучери за купување на ИТ опрема. Рокот за испраќање на есеите е до 15 ноември 2024 година.

Сите информации за конкурсот може да се најдат на овој линк.