Мицкоски: Ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор Радуков

Демаршот се однесува на неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот претседател Румен Радев

-

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.

„Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои нè понижуваа и газеа. Сега дипломатски се испраќаат протестни ноти и нема повеќе да имаме политика меѓународна или пак дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Ако не реагирате, тој исклучок понатаму ќе стане пракса. Она што е поважно за мене е дека Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, кои се вистинските намери на водството во Софија. Бугари во македонскиот устав е најмалиот проблем, многу е поголема потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Онојпат кога ќе видиме дека се поминати црвените линии тогаш ќе мораме да интервенираме и денеска тој демарш ќе биде врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“, изјави Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...