Белоруски стендап-комичар што го споредил Лукашенко со ластовичка обвинет за навреда и клевета

Комисаренко на крај успеал да добие виза oд САД за талентирани лица

-

Овој напис од Дарија Дергачева е првобитно објавен од Глобал војсис, а Мета.мк го реобјавува врз основа на договор за размена на содржини меѓу Фондацијата Метаморфозис и Глобал војсис.

Истражниот комитет на Белорусија објавил почеток на специјална правна постапка против белорускиот стендап-комичар Вјачеслав Комисаренко, познат како Слава Комисаренко, извести Медуза. Тој моментално живее во странство.

Комисаренко е обвинет за навреда и клевета против белорускиот претседател Александр Лукашенко.

Комичарот е добро познат по неговите отворени критики на белорускиот режим и неговите безбедносни сили, особено по протестите од 2020 година. Неговата работа го исмејува и Лукашенко и неговиот режим, истакнувајќи ги нивните глупости и недостаток на образование. Поради зголемениот притисок и закани, во 2020 година Комисаренко избегал од Белорусија во Русија, а подоцна во 2022 година ја напуштил и Русија, плашејќи се од потенцијален прогон од белоруските служби.

Комисаренко се смета за главен популаризатор на мимот „Чик-Чирик“ за Лукашенко. Во една прилика при разговор со комичарот Руслан Бељии, се шегувале за тоа како Александр Лукашенко е единствениот претседател кој не може да оди на одмор бидејќи премногу држави не го примаат. „Ова доведе до смешна шега за тоа како кога на Лукашенко наводно не му дозволиле да се качи во авион, тој одговорил: ‘Ох навистина, тогаш ќе си летам сам! Чик-чирук’“, објасни Комесаренко. Ономатопејата се однесува на звуците кои ги прават ластовичките, имплицирајќи дека Лукашенко може да патува во странство само ако се претвори во птичка, бидејќи авионските компании не би го примиле.

Следното видео го прикажува Комисаренко како го нарекува Лукашенко чик-чирук и се смее зборувајќи за неговиот недостаток на образование и неукост, како и немање фантазија.

Во април 2023 година, Комисаренко објави дека Германија одбила да му додели хуманитарна виза. Информацијата ја сподели на неговиот канал на Јутјуб со 1,43 милиони претплатници. Тој изјави: 

Германскиот конзул го одби моето барање за хуманитарна виза бидејќи не верува дека е небезбедно за мене да бидам во Русија или Белорусија. А во Шпанија не ми дозволија да ги легализирам моите средства, бидејќи, очевидно, се работи за валкани пари од валкани шеги. 

Комисаренко сепак успеа да добие виза за САД по основа на талент.

Комисаренко е роден во Белорусија. Тој претходно има споменато дека морал да отиде од Русија во Киев затоа што КГБ го ставила на списокот на барани криминалци. Споре него, белоруските безбедносни служби „му се јавувале и му праќале текстуални пораки“.

Следниот виео клип прикажува интервју на Комисаренко направено од Јури Дуд, многу популарен руски новинар кој живее во прогонство.

Во интервуто со Јури Дуд, Комисаренко исто така откри дека белоруските безбедносни служби ги барале и неговите родители.

ИзворGlobal Voices

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...