Израелската армија пронајде тела на шест заложници

Во соопштението на израелските одбранбени сили се наведува дека телата на Јагаев Бухстаб, Александар Дансинг, Аврахам Мундер, Јорам Мецгер, Надев Поплвел и Хаим Пери биле пронајдени вчера во областа Кан Јунис

-

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека пронашле тела на шест израелски заложници во тунел во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Во соопштението на израелските одбранбени сили се наведува дека телата на Јагаев Бухстаб, Александар Дансинг, Аврахам Мундер, Јорам Мецгер, Надев Поплвел и Хаим Пери биле пронајдени вчера во областа Кан Јунис.

Порталот додава дека израелската армија имала точни разузнавачки информации што им овозможиле на војниците на 98-та дивизија и на членовите на безбедносната агенција Шин Бет да стигнат до тунелите во Кан Јунис и да ги пронајдат телата, среде нова офанзива во градот.

Се верува дека 105 од 251 заложници земени од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври сè уште се во Газа, вклучувајќи ги и телата на 34 заложници за кои ИДФ потврди дека се мртви.

На крајот на ноември Хамас ослободи 105 цивили за време на еднонеделното примирје, а пред тоа беа ослободени четворица заложници.

Војниците досега спасиле седум заложници, а пронајдени се телата на 30 заложници, вклучувајќи ги и телата на тројца кои војската по грешка ги убила додека се обиделе да побегнат од киднаперите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...