Прогласена вонредна состојба во руската област Белогрод по украинската офанзива

Во рускиот регион се започнати евакуации

-

Украинската офанзива во Русија влегува во својата втора недела, а во областа Белгород е прогласена вонредна состојба, пренесува Си-ен-ен.

„Ситуацијата во регионот на Белгород продолжува да биде исклучително тешка и напната“, рече гувернерот на Белгород Вјачеслав Гладков во видеопорака објавена на неговиот профил на Телеграм.

Воведувањето на вонредна состојба дојде откако Белгород започна со евакуација во понеделникот по упадот минатата недела на Киев во соседниот регион Курск.

Упадот на Украина претставува забележителна промена во досегашната тактитка на земјата. Воедно, офанзивата претставува прво влегување на странски трупи на руска територија од Втората светска војна.

Регионалните власти сега апелираат руската влада да прогласи федерална вонредна состојба, рече Гладков.

Според Гладков, две локации во Белгород, градот Шебекино и селото Устинка, биле нападнати од украински дронови. Тој додаде дека немало жртви, но дека две куќи биле оштетени.

Во меѓувреме, руското министерство за одбрана соопшти во средата дека уништило десетици беспилотни летала и четири тактички ракети над регионот Курск.

Откако започна украинската офанзива, десетици илјади Руси ги напуштија своите домови додека Москва се обидува да го сузбие нападот.

Во понеделникот, Киев тврдеше дека зазел контрола над речиси исто толку земја колку што Русија зазела оваа година – иако тоа е сепак значително помалку од целокупната украинска територија што Русија ја држи откако започна конфликтот во 2014 година.

Во вторникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили контролираат 74 населени места во Курск и дека прават подготовки за „следните чекори“ во регионот.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека упадот „претставува сериозна дилема за Путин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...