Како што е обичај на фирмата Epic Games и оваа недела има две нови игри: CYGNI : All Guns Blazing и DNF duel како и козметички сет скинови за играта Apex Legends – една од најиграните Battle-Royal игри. За да ги преземете ви треба корисничка сметка, да се регистрате на сајтот на Epic Games и го симнувате Launcher-от. Потоа, само ги преземате игрите бесплатно.
Ова се трејлерите на актуелните игри на бесплатна промоција:
Станува збор за игра со вселенски летала во категоријата на „Shot em up” и „Space combat” кај нас своевремено на флиперите и првичните компјутери позната категорија како „Игра со авионче”. Секако, првата Galaxy Game има и нови верзии. Но, оваа бесплатна игра го крева жанрот на повисоко скалило и во графиката, особено дизајнот на главните во играта кои се колосални додека борбите се динамични и интензивни. Може да се игра и со двајца играчи. Сосема квалитетно сработена игра што го оживува и леактуризира жанрот.
DNF Duel, пак, го реоживува жанрот на „Тепачки игри” но од класичен стил на Street Fighter, King of Fighters и Samurai Shodown. Има доста заедници кои се фанови на ваков тип на игри – тука мора да се спомење и играта Mugen што ги содржи сите можни ликови кои биле игриви во ваков тип на игри.
Иако Tekken 8 е моментално е на врвот од тепачките игри во 3D, понекогаш е добро и да се провери што се случува со слични игри. Во аниме стил DNF Duel е специфична поради различните механики во играта, кои се базираат на тајминг, стрпливост и „скил” каде мора да се научат потезите на сите ликови за да им контрирате со ликот кој најмногу го играте. Во секој случај, оваа игра е попозната во азиските земји веќе некое време. Вреди да се испроба.
Козметичките додатоци за Apex Legends се преземаат така што прво ќе ја додадете базичната игра во вашата „библиотека на видео игри” затоа што е целосно бесплатна уште од претходно. Таа е дефинитивно една од најиграните Battle Royal игри -тоа е тип на игри најчесто со пукање FPS, а може да биде и со преспектива „од трето лице” како во Vampire The Masquerade Bloodhunt – игра за која можете да прочитате тука.
Пред да излезе Overwatch која ја инспирираше за кибернитички додатоци на ликовите и Apex Legends, постоеше Team Fortress како претходник на Overwatch, a слична игра е и играта во исчекување од Marvel e Marvel Rivals за која имаме посебен напис.
Иако и Overwatch и Team Fortress 2 се од типот на класични игри со пукање, Battle royal жанрот најмногу се популаризира со Call Of Duty Warzone серијалот. Но, Apex Legends има и различни механики, слично како што Valorant има комплицирани оружја и способности за користење, што е еден вид растечки тренд да се направат игрите со пукање што поинвентивни затоа што најновата верзија на Кантерстрајк 2 со многу подобрувања и нови работи e сепак „само Кантер”. Од друга страна Фортнајт сè уште е популарна и на врвот на Battle Royal игрите која ја играат главно помладите.
Цените на игрите во редовна продажба се 30 евра за CYGNI : All Guns Blazing, a за 50 евра се продава DNF Duel додека Apex Legends е бесплатна и на Steam. Ова се игри и додаток што вреди да се имаат, доволно е само да им направите „Claim”, односно игрите не мора веднаш да се инсталираат – може да почекаат кога ќе имате слободно време, а само треба да се додадат додека трае бесплатната промоција до утре, четврток, 15 август.