Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-95

Еуросупер БС-95 од вечерва ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе чини 72,5 денари за литар

-

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензинот Еуросупер БС–95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и тоа за половина денар за литар.

Според денешното соопштение на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 од вечерва ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе чини 72,5 денари за литар. Маслото за горење, пак, ќе се продава по цена од 71 денар за литар.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 не се менува и останува 83 денари за литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...