Малопродажните цени на моторните бензини од ноќеска се намалуваат за половина денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе изнесува 77 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари.
Во меѓувреме, цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Дизел горивото и понатаму чини 69,5 денари за литар, додека маслото за горење се продава за 69 денари за литар.