Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се намалуваат во просек за 0,57 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Односно, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50 денари за литар, а ЕЛ-1 ќе се продава за 68,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно 69,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,390 денари за килограм со