fbpx

Се претпоставува дека се мртви шестмината кои исчезнаа откако се урна мостот во Балтимор

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако вчера, товарен брод удри во него

-

Државната полиција на Мериленд соопшти дека шесте лица кои беа исчезнати по уривањето на мостот Френсис Скот Ки во вторникот во Балтимор, Мериленд, сега се претпоставува дека се мртви, пренесува „Гардијан“.

Властите соопштија дека по несреќата, две лица биле спасени од водите на реката Патапско. Џефри Прицкер, високиот извршен директор во „Браунер Билдерс“, фирма-работодавач, рече дека за шестмина се претпоставува дека се мртви, со оглед на длабочината на водата и со оглед на тоа дека помина многу време од несреќата.

Прицкер рече дека екипажот работел на средината на мостот кога тој се распаднал. Не се пронајдени тела.

Претставниците на полицијата во Мериленд рекоа дека утре ќе продолжат со акцијата заедно со тим нуркачи.

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако вчера, товарен брод удри во него. Повеќе автомобили завршија во реката Патапско.
Бродот Дали, под знаме на Сингапур, удрил во мостот, по што се запалил, пред да потоне. Во видео споделувано на социјалната мрежа „Х“ се гледа како голем дел од мостот долг 2,6 километри паѓа во водата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ТикТок автоматски ќе ги означува видеата создадени со вештачка интелигенција

TикТок ќе ги означува корисниците кои прикачуваат содржина генерирана од вештачка интелигенција (ВИ), а со тоа станува првата голема апликација за видео содржини која автоматски ја означува таквата содржина,...