fbpx

Откриен еден од подметнувачите на пожарот во кафе бар во Охрид

Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот, внатрешноста и надворешноста од деловната зграда на ЈП Градски Пазар и околните објекти, каде што во тој момент живееле и престојувале луѓе, со што предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и поголема имотна штета, се вели во соопштението

-

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид и фрлиле запаливо средство во објектот.

Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот, внатрешноста и надворешноста од деловната зграда на ЈП Градски Пазар и околните објекти, каде што во тој момент живееле и престојувале луѓе, со што предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и поголема имотна штета, се вели во соопштението.​

Против лицето за кое е отворена истражна постапка, обвинителството до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се најде на слобода и околности кои укажуваат дека тој ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...