fbpx

На изборите ќе можат да гласаат и граѓаните со истечени лични документи

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со кој избирачите ќе може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите

-

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, чии измени предвидуваат на престојните парламентарни и претседателски избори да може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи.

Па така, со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Законските измени беа донесени со 84 гласа „за“, двајца пратеници биле воздржани а немало ниту еден глас „против“.

Со ова, пратениците од власта и опозицијата најдоа заеднички јазик и 100.000 граѓани ќе можат да гласаат на претседателските и на парламентарните избори. Овие законски измени важат само за изборите во 2024 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...