fbpx

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, 62-годишникот од Неготино свесно предизвикал значителна опасност

-

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна.

„Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, тој свесно предизвикал значителна опасност. Отровот го консумирало куче кај кое настанала интоксикација и угинало“, соопшти Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...