fbpx

Ана Павловска-Данева избрана за уставна судијка

Во текот на денешната собраниска седница ќе се гласа и за кандидатот за државен обвинител, Љупчо Коцевски

-

Ана Павловска-Данева беше изгласана за уставна судијка на денешната собраниска седница, со 65 гласа „за“ и 26 „против“. Таа е деветтиот уставен судија, со што се комплетира актуелниот состав на Уставниот суд.

По избирањетo на Павловска-Данева, пратениците наминаа следната точка – изборот за јавен обвинител. Владата предложи еден кандидат – Љупчо Коцевски.

Инаку, Павловска-Данева е и поранешна пратеничка на СДСМ.

Како што стои во нејзината биографија, таа студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Таа е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Предлог за уставен судија претходно беше Љубомир Jовески. На 24 јануари СДСМ ја повлече неговата кандидатура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...