fbpx

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток

Судскиот совет, со 10 гласа, на итната седница донесе решение дека судијката Ристеска времено ќе биде делегирана назад во Кривичниот суд додека не се објави пресудата

-

Судскиот совет попладнево свика итна седница, откако судијката Александра Ристеска денеска даде свечена заклетва како нов судија во Апелацискиот суд во Скопје. Седницата беше свикана со цел во последен момент да се „спаси“ судскиот случај „Ласкарци“.

Судијката Ристеска беше втор член на судечкиот совет во процесот, па доколку таа заминеше во второстепениот суд, судењето за несреќата кое трае повеќе од 4 години, ќе мораше да почне од почеток.

Судскиот совет, со 10 гласа, на итната седница донесе решение дека Ристеска времено ќе биде делегирана назад во Кривичниот суд додека не се објави пресудата. Со ова, се избегна повторување на случајот Ласкарци, за кој пресудата е закажана за 25 јануари.

Временото упатување на судијката Ристеска веднаш ќе биде доставено до Кривичниот и до Апелациониот суд.

Несреќата се случи на 13 февруари 2019 година и имаше 16 жртви, а досега не е донесена правосилна пресуда. Обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски се товарат за соучество во истото дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за Силјановска-Давкова од Гир, Вархеји и Пленковиќ

Честитки за победата на претседателските избори доби денеска Гордана Силјановска-Давкова. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честиташе победата. „Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на...